Македонија

Со платите и додатоците за 4 години Катица земала 397.000 евра – колку учитeлка со 81 година стаж

Без апанажата специјалната јавна обвинителка Катица Јанева земала плата и додатоци 397.000 евра за помалку 4 години работа, од септември 2015 година до август 2019 година.

На претседател на државата му требаат 23 години да биде претседател, а на премиер и министер за внатрешни им требаат околу 25 години од премиерската или министерската плата да заработат толку.

На министер за финасии, здравство, надворешни работи, економија, правда, земјоделство, екологија итн им требаат околу 27 години да се министри за да со сите плати добијат толку пари.

На лекар хирург на клиника му се потребни 55 години да оперира секој ден за да заработи колку Катица.

На актерите во театрите им требаат 66 години секој месец да земаат плата за да зараборат 397.000 евра.

Учителка која ги учи децата во основно училиште и треба 81 година непрекинато да работи за севкупно да дојде до 397.000 евра.

На илјадниците шивачки во текстилните фабрики и сите што се на минималец им требаат 140 години непрекинато да шијат за да заработат колку Катица Јанева.

Поврзани вести

Back to top button