Мицкоски: Гарантирам минимум 100 илјади гласови разлика на изборите (ВИДЕО)
Гарантирам – на предвремените парламентарни избори разликата ќе биде минимум 100.000 гласови во наша полза во однос на СДСМ”, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.
Збоувајќи за недобиениот датум за почеток на преговори со Европската унија, тој истакна додаде дека неправдите кон македонскиот народ и македонската држава биле присутни од многу одамна.
– Но, треба да ги видиме пораките, да седнеме, да ги отстраниме проблемите кај нас, недостатоците што ги имаме во општеството. Колку тоа ќе трае од оваа перспектива е тешко да се каже. Но, нема да биде предолго зашто капацитетите на ВМРО-ДПМНЕ и на структурите што се надвор од тесното јадро на СДСМ се големи – рече Христијан Мицкоски.
Беше прашан и за тоа, ако на изборите победи ВМРО-ДПМНЕ, како ќе се однесува во однос на Законот за јазиците од аспект на можно коалицирање со партии на Албанците.
– Ние немаме ништо против јазиците на етникумите, но тоа мора да се прави функционално, применливо, во согласност со законите и со Уставот. Повеќепати апелиравме за Законот за јазици. Тоа што конкретно го кажавме се виде дека го потврди Венецијанската комисија.- истакна Мицкоски.
На прашањата – зошто избегал Груевски во Будимпешта и ќе се огради ли, конечно, еднаш јасно од него, Мицкоски рече дека сето она што причинило неправда некому, а било политика на ВМРО-ДПМНЕ, е подготвен да го прифати, доколку тие аргументи ги победат неговите, и да побара прошка.
– Јас навистина не знам зошто избега Груевски. Но, мислам дека одговорот го знаат Зоран Заев и Оливер Спасовски, а ако и тие не знаат, тогаш треба да има некаква одговорност за нив – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.