Македонија
Функционерите од ДУИ заштитени како „Бели мечки“
Основнто јавно обвинителство во Охрид се уште не добило известување или кривична пријава за случајот од пред еден месец, кога советникот на Општина Охрид физички го нападнал професорот Илјаз Илјази, дознава А1.Он.
Илјази со лекарска докумантација доставена до СВР Охрид тврдеше дека се здобил со видливи повреди од нападот, а за нападот има и видео снимка.
Од МВР засега нема информација зошто документацијата за физичкиот напад се уште не е доставена до надлежното Обвинителство иако за случајот на распит биле повикани и сведоци.