Македонија

Стефанова: Од секогаш сум се оградувала од Јанева

пецијалното јавно обвинителство во овој момент се наоѓа во една од најтешките состојби од своето основање и затоа апелирам политичарите и сите чинители во државата да седнат и да го донесат Законот за Јавно обвинителство за да немаме прекини на постапките, изјави денеска обвинителка Лиле Стефанова.

Посочи дека имаат сериозни истраги и дека со неносењето на законот и немањето на овластување и поставувањето на прашањето дали имаат овластување, му даваат огромен простор на криминалот.

Во однос на тоа дека шефот на СЈО Катица Јанева е осомничен за криминал, Стефанова нагласи дека шефот е осомничен за криминал од пред два дена, така што работата во институција со осомничен шеф за криминал не постои.

– Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди со тоа, па дали ни бил шеф, колега или пријател, воопшто не е важно, изјави Стефанова.

Прашана дали се оградува од Катица Јанева, Стефанова, рече дека никој пат ниту се приближила.

– Јас никој пат не сум и се приближила на Катица, од самиот старт се оградувам, истакна Јанева.

Прашана дали е можно назначување на в.д. шеф на СЈО, Стефанова рече дека Законот за ЈО, кој важи доколку некои одредби не се веќе определени со Законот за СЈО, има повеќе решенија.

– Има решение за поставување на вршители на должност, решение за поставување на обвинител кој го заменува отсутниот или спречениот јавен обвинител. Сепак, тоа се ингеренции на Советот на јавни обвинители и да го оставиме да си донесе одлука. Како што разбрав, веќе се во процедура и ќе видиме што ќе донесат, изјави Стефанова.

Поврзани вести

Back to top button