Македонија

Утрoво починала мајката на Катица Јанева

Утрoво во Гевгелија починала мајката на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со ова  обвинителката Вилма Рускоска, денеска рече дека тоа нема да влијае врз барањето за притвор за чефицата на СЈО.

Но, извори од Обвинителството ја разгледуваат можноста да се даде согласност Катица Јанева со полициска придружба да присуствува на погребот на нејзината мајка, дознава А1.Он.

Јанева беше приведена денеска во нејзиниот дом во Козле, од каде, во придружба на полицијата беше однесена во СЈО, каде имаше налог да ѝ биде одземен компјутерот и други предмети.

ОЈО побара притвор за Јанева. Се очекува таа да биде изведена пред судија на претходна постапка.

Поврзани вести

Back to top button