Македонија

Мицкоски: Како опозиција час поскоро ние бараме предвремени избори и тука нема никаква дилема

Како опозиција час поскоро ние бараме предвремени избори и тука нема никаква дилема, тоа сме го кажале во многу наврати во минатото, истакна денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Практично предвремените избори се одлична можност Зоран Заев да провери дали навистина блеска или блеска само во друштво кога е со неколкумина негови обожаватели. Така што опозицијата е подготвена веднаш штом парламентарното мнозинство одлучи да ги распише тие предвремени парламентарни избори иако ние како опозицијата знаете дека инсистираме на предвремени парламентарни избори и две дати дури предложивме, едната да биде на почеток на април, имајќи ги во предвид Велигденските празници, другата да биде некаде крајот на мај имајќи ги во предвид Рамазанските празници следната година. Останува сепак на парламентарното мнозинство да одлучи се разбира, ние се што ни стои на располагање, сите оние демократски алатки ќе ги искористиме да ги убедиме од парламентарното мнозинство дека час поскоро ни се потребни предвремени парламентарни избори. Не само што во економијата имаме економски цунами туку генерално на политичката сцена во Република Македонија имаме една плеада на коруптивни и криминални скандали кои што гледам дека се нижат секојдневно. Не би ме изненадило доколку тие продолжат со иста динамика во периодот кој што следи, во кој што главни актери се луѓе кои што се дел од врхушката или блиски до врхушката на власт се разбира предводени од Зоран Заев и од СДСМ. Октоподот има широко распространети пипци“, изјави Мицкоски.

Мицкоски вели дека е оптимист во однос на донесувањето на Законот за Јавното обвинителство.

„Јас сакам да бидам оптимиста и верувам дека ќе се вразумат од Владата и дека ќе го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кој што е апсолутно согласно законите и согласно Уставот во Република Македонија. Јас сум свесен дека ќе излезат повторно со вакви и ли такви коментари, авторот на тој текст кој што е главен кочничар во преговорите, но и предлагачот на овој текст. Но и свесен сум бидејќи единствената цел во овие преостанати неколку месеци е токму непринципиелна и насилна пресметка со опозицијата, но ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме принципиелен став. Имаме став кој што е во согласност со законите и Уставот во оваа држава и не се плашиме да го елаборираме и да се соочиме со фактите и аргументите од спротивната страна кој што за жал, еве може да ви кажам дека на тие преговори посебно од страна на изготвувачот на тој закон изостануваат туку тие состаноци изобилуваат со еден вид изразено чувство одмазда, чувство за атак и политичка пресметка со неистомислениците, во случајот опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Мицкоски.

Според Мицкоски  економијата во земјата е катастрофална.

„Во интерес на вистината јас би сакал денеска да зборувам за вистинскиот, реалниот свет, а не за оној паралелниот во кој што живее Зоран Заев, криминалците околу него и луѓето кои што се негови обожаватели и кои што велат дека всушност политиките на владата во делот на економијата ги носат потребните ефекти. Какви се вистинските резултати во оној вистинскиот свет каде што луѓето се борат со сиромаштијата, каде што луѓето во своите џебови носат празни паричници? Имено, Зоран Заев и луѓето околу него на крајот од 2018 година на прес конференција ќе објават дека рекордно ниво постигнала просечната плата во месец декември 2018 година, во износ од 25.784 денари. Тогаш велевме дека потребно е да бидат сериозни и да и ја соопштат на македонската јавност вистинската и реалната економска ситуација во државата и дека тоа е исклучиво резултат на погубните политики од аспект на зголемените даноци кои што во тој период следеа од јануари месец 2019 година и дека всушност во декември месец се исплаќаат бонусите и се исплаќаат дивидентите за сопствениците и менаџерите на компаниите. Дека бевме во право, веднаш потврда стигна од јануари месец 2019 година па се до мај 2019 година, кога просечната плата е за 1.113 денари по мала од таа која што ја објави Зоран Заев и тогашниот трет член на економскиот цунами тим во владата на Република Македонија, господинот Тевдовски или за 4,5 проценти пониска, од таа која што тој ја објави во декември месец 2018 година“, посочи Мицкоски и потенцираше:

„Потоа, продолжија да се фалат со директните странски инвестиции и велеа дека се рекордни во 2018 година и дека надминале историско ниво. Каква е реалноста? И тогаш велевме дека е тоа резултат на зголемените даноци кои што ќе следат во следната 2019 година, дека тој резултат на реинвестираната добивка на странските инвеститори кои што се резултат на напорите на некој претходни влади. Но, продолжија да го лажат каква што е и нивна карактерна особина, сопствениот народ и сопствените граѓани и демант на нивните тези, а потврда на нашите тези веќе стиган во првиот квартал од 2019 година кога нивото на директни странски инвестиции изнесува 21,6 милини евра, што е за 90тина проценти помалку од истиот тој прв квартал во 2018 година“.

 

 

 

Поврзани вести

Back to top button