Македонија

Графити низ Тетово, „ДУИ марш од Тетово“… (ВИДЕО)

Синоќа, очигледно во организирана акција, по улиците на Тетово беа испишани бројни графити против Али Ахмети и неговата партија ДУИ. На дел од нив пишуваше: „Муса+Али УДБА сте двајцата“, „Гадови, одете си од Тетово“, „ДУИ, марш од Тетово“, „Али, оди си“…, објави Цивил Медиа.

На некои профили на Фејсбук беше објавено и видеоод оваа акција на група млади тетовци.

Оваа акција доаѓа по објавувањето на бомбите на Ел Чека каде се слушаат челници на ДУИ како ги навредуваат тетовчаните и интелектуалците од Тетово.

Официјално, никој не ја презема одговорноста за нацртаните графити.

Поврзани вести

Back to top button