Ел Чека: Ќе се вратам ако ме судат заедно со Заев, имам 6.000 бомби
Кичевецот А.Ш., кој стои зад псевдонимот Ел Чека и кој преку Фејсбук објави нови „бомби“ за функционери на ДУИ се огласи денеска повторно на Фејсбук.
Тој рече дека ќе се врати во земјава да му судат за „бомбите“, но само ако на обвинителната клупа седне и премиерот Зоран Заев со него. Што се однесува до обвиненијата што се покренаа против мене поради објавувањето на неколку прислушувања на твоите владини колеги, подготвен да се вратам во државата што вие ја украдовте од нас и да излезам пред правдата, но под еден услов:
Ако и двајцата седнеме пред судот како што и двајцата сме го сториле истиот криминал, ти пред неколку години јас сега!
Ако сакаш да играме тогаш почнуваме да играме, бидејќи мојот тренер има тактика што не знае загуба. Со почит Ел Чека“
Toj во интервју за албанските медиуми изјави дека поседува околу 6.000 снимки, а во една прилика напиша дека командант Соколи му порачал да ги објави сите прислушувани разговори.