Македонија
Тешка сообраќајка на патот Гостивар-Кичево, повредени најмалку шест лица
Во судир на две патнички возила на магистралниот пат Гостивар – Кичево
Според првичните информации, несреќата се случила околу 13:30 часот во близина на мавровската раскрсница. Двата автомобили, „пасат“ со тетовски и „бмв“ со гостиварски таблички, кои се движеле во спротивни правци, директно се судриле.
Повредените се пренесени во Гостиварската општа болница каде се утврдува видот и карактерот на повредите.
Во тек е увид на местото на несреќата, а сообраќајот во близина на местото на несреќата се одвива забавено.