Македонија

Јане Ченто нападнат и истепан од затворската полиција во Шутка

Внукот на народниот херој Методија Андонов – Ченто, Јане Ченто, бил претепан од затворски службеници во затворот во Шутка.

Во телефонски разговор со новинарот Миленко Неделковски, објавен во неговата емисија, Јане Ченто, сведоче за нападот кој врз него го извршиле вработени во „Шутка“.

Дојдоа на пpeтpec, на контрола и ме нaпaднaa едно деаетина командири. Ме прашуваа кој ми ги носи телефоните, и кога им кажав дека тие ми ги носат телефоните за по 200-300 евра, заедно со директорот и Жарко заповедникот и Сашо заповедникот. Ни ги носат тие лично телефоните на зaтвopeницитe овде по 200-300 евра, а после влегуваат по ќелии и ни ги земаат телефоните. – сведочи од зaтвop Јане Ченто.

Аудио снимка од разговорот на следниов линк

Тој додава дека не им се плaши, и ќе дојде денот кога ќе паднат од власт.

Не ви се плaшaм на никој! Ќе пaднeтe еден ден. Македонци сме и Македонија ќе остане ова. Не ќeлиja да ми смените, не во caмицa да ме ставите 15 дена, што сакате можете да направие, не ви се пpeдaвaм. – рече Јане Ченто во телефонсиот разговор со новинарот Миленко Неделковски.

Адвокатката на Ченто, Валентина Тодоровска се уште не стапила во контакт со својот клиент и нема никакви информации за настанот. Во изјавата за „Република“ истакна дека и самата за немилиот настан дознала од медиумите.

На крајот, тој им порача на граѓаните да не се плашат и да излезат на улица. Време е, вели Ченто, да му покажеме на светот кои сме и што сме!
Мобилен телефон, мобилен полнач, импровизиран кабел за полнење мобилен телефон и други недозволени предмети биле пронајдени вчера при редовен претрес на собите во истражниот затвор Шутка кај лицето Јане Ченто, соопштуваат од Истражниот затвор Скопје.

Директорот на затворот Ѓоко Котевски потврди дека службените лица издале наредба да ги предаде недозволените предмети, на што тој се спротиставил и пружил активен и насилен отпор. Службените лица на тоа одговориле со зафат согласно утврдените професионални протоколи и процедури предвидени за претрес на соби и му ги одзеле телефонот и другите недозволени предмети.

Како што додаваат со медицинска белешка утврдено е дека како резултат на физичкото дејство има црвенило врз кожата, без посериозни последици.

Поврзани вести

Back to top button