Македонија
Мијалков приведен во „Мериот“ и однесен во Шутка
1ТВ ексклузивно дознава дека поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков полиција го изнела со лисици од скопскиот хотел „Мериот“, од каде што го спровела во истражниот затвор во Шутка.
Ова е побарано од СЈО поради сознанија дека постои опасност од бегство.
По Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, Мијалков е третиот приведен функционер од поранешната власт по бегството на екс премиерот Никола Груевски.