Со децении е хит во светот: Оваа напивка ќе ве препороди, а се прави за 2 минути
Станува збор за сок од цвекло и моркови, а ако ви е мака при самата помисла на комбинацијата од овие две намирници во течна состојба, не сте единствени.
За овој сок се вели дека го опоравува цел организам– и не е наменет само за оние кои имаат здравствени проблеми.
Овој сок се користи доколку се чувствувате преморено, немате енергија и сте депресивни.
Состојки: 1 кг цвекло, 1 лимон, 1/2 кг моркови, 3 портокали, 3 јаболка, мед
Подготовка: Сите состојки едноставно исчистете ги и ставете ги во блендер. Ќе добиете сок со црвенкаста боја, кој потоа можете да го распоредите во шишиња или тегли (би било идеално да не стои во пластика) и да го чувате во фрижидер. Сокот дава најдобри резултати ако се пие наутро, на празен стомак, и тоа половина чаша.
Доколку го пиете овој сок секојдневно, за десет дена ќе почувствувате неверојатна промена, ќе бидете поенергични, а и порасположени.