Дел од замрзнатиот брег на северното крајбрежје на Гренланд, познато под името “последна замрзната површина” започна да се разделува за прв пат досега. На ова подрачје на Арктикот се наоѓа најстариот и најгустиот мраз во регионот, кој досега успеа да одолее на климатските промени.
Додека разделувањето на морскиот мраз во овој дел на Арктикот никогаш не бил документиран во минатото, експертите кажуваат дека тоа се случило дури два пати оваа година поради топлите ветрови и високите температури.
Водите на северното крајбрежје на Гренланд се наоѓаат во еден од најстудените делови на Арктикот и долго се претпоставува дека ќе биде помеѓу последните кои ќе доживее ефекти на топлење кои се видливи и во другите подрачја.
Степенот на морскиот мраз продолжи да се распаѓа на почетокот на летото, а експертите веруваат дека на почетокот на септември ќе биде најнизок во последните 40 години.
“Во текот на две недели од август количината на мразот се намали за 65.000 квадратни километри дневно нешто побрзо од просекот во 1981 до 2010 година кога бил 57.000 километри квадратни дневно, вели Националниот центар за податоци за снег и мраз.
Ефекти на ниско ниво на морскиот мраз
НАСА неодамна изјави дека максималната количина на морски мраз оваа година е ниска, после три долги рекордно ниски мерења направени во 2015, 2016 и 2017 година.
Ова може да доведе до бројни негативни ефекти на климата, временските прилики, растителниот и животински свет како и човековата заедница.
Обемот на морскиот мраз на Арктикот на 15 август изнесуваше 5,7 милиони квадратни километри, што е пониско од просекот, но и понатаму над рекордниот минимум, објаснуваат експерти.