РелигијаТоп

Почнува Богородичниот пост: Најкраток е, но еден од најстрогите- ова се правилата

Годината на секој православен христијанин ја одбележуваат 4 големи поста: велигденскиот, божиќниот, постот на светите апостоли и богородичниот. Утре почнува богородичниот кој е посветен на духовната подготовка воочи празникот Успение на Пресвета Богородица, Голема Богородица.

Еве по што се истакнува.

Богородичниот пост трае од 14 до 28 август. Најкраток е од четирите големи постови, но и построг од божиќниот и апостолскиот. Поради големото почитување кон Пресвета Богородица верниците овој пост го постат како и Големиот пост.

Тоа значи дека сите денови се постат на вода, освен сабота и недела, кога е дозволено да се користи зејтин и вино, а за празникот Преображение, кој паѓа во време на овој пост, се јаде и риба.

Важно е да се знае дека ако Голема Богородица падне во среда и петок, тој ден не се мрси, туку се јаде риба, вино и зејтин.

Во нашиот народ постои обичај грозје да не се јаде до Преобрежение, кога во црквите се дели на народот.

Празникот Голема Богородица се смета за празник на жените и мајките.

Постот пред Голема Богородица востановен е како би се сеќавале сите на Пресвета Богородица и би ѝ се молеле.

Поврзани вести

Back to top button