Македонија

Најдобрите ученици од Кочани на бесплатно летување во Хрватска

Првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Кочани заминаа на островот Паг, Република Хрватска каде користат седумдневно бесплатно летување.

Ова е награда од Општина Кочани за успесите постигнати во школувањето. Летувањето на хрватското приморје е резултат на повеќегодишната соработка на збратимените општини Кочани и Крижевци.

– Поаѓајќи од идејата дека контактите и зближувањето на луѓето од двете општини е најважно за одржување на соработката, веќе трета година се реализира идејата за летување на кочанските ученици на Паг и зимување на крижевски ученици на Пониква. Настојуваме двете пријателски општини да ја продлабочуваат соработката во сите сфери, особено во развој на бизнисот на малите и средни претпријатија, како и во образованието и културата, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Покрај вообичаените летни активности, учениците посетуваат познати локации, културно-уметнички институции и настани. Во нивна придружба се претставник од локалната самоуправа на Кочани, како и наставник од ОУ „Раде Кратовче“.

Покрај бесплатното летување, учениците на генерацијата од Кочани како награда од Општината добија и по 6.000 денари.

Поврзани вести

Back to top button