Свет

Три тинејџерки го убиле својот татко – познат руски мафијаш: Со години сексуално ги злоставувал, па сега им се заканува 15 години затворска казна

Руските тинејџерки Кристина (19), Ангелина (18) и Марија (17) го признале убиството на нивниот 57-годишен татко Михаил Качатуријан, поради што им се заканува затворска казна од 15 години.

Како што пренесуваат руските медиуми, сестрите го избоделе нивниот татко до смрт, откако тој со години ги тепал и сексуално ги злоставувал. Тие го признале убиството и откриле дека со години трпеле сексуално, психичко и физичко злоставување, поради што една од нив дури и се обидела да се самоубие.

„Го мразевме и посакувавме само една работа – да исчезне или никогаш да не сме го запознале во нашиот живот“, раскажала Кристина.

Наводно, таткото ги малтретирал на најразлични начини, а еднаш една од сестрите морала да ги изеде кучешките влакна од подот затоа што не исчистила.

„Еднаш Михаил пронајде кучешки влакна на тепихот, по што повика една од ќерките и ја натера да го изеде тоа“, открил семеен пријател за руските медиуми кои што откриваат дека, за да ги шпионира додека не е дома, поставил камери низ целата куќа.

На денот на убиството, сестрите тврделе дека им се заканувал со ноќ. Една од нив го зграпчила и го прободела, а потоа и останатите две се придружиле. Тој некако успеал да побегне од станот, но подоцна бил пронајден мртов пред лифтот.

Сите нивни пријатели го знаат како тиранин, а Михаил кој што бил истакнат член кај руското подземје, бил зависник од хероин. Токму поради малтретирањата, неговата сопруга и мајката на трите ќерки побегнала.

„Секогаш ги тепаше. Еднаш ги одведе во шумата и им се закануваше дека ќе ги убие. Мајката побегна, а тој забрани секаква комуникација со неа. Качатуријан беше поврзан со подземјето, тој беше мафијашки бос“, открила една семејна пријателка за руските медиуми.

Поврзани вести

Back to top button