Македонија

Поранешниот пратеник на СДСМ – Со син ми бевме нападнати од Албанци под дејство на дрога и алкохол

Поранешниот пратеник на СДСМ и актуелен директор на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, преку неговиот фејсбук профил потврди дека тој и син му биле нападнати од група Албанци во Тетово, меѓутоа демантираше дека на инцидентот му претходела расправија за паркинг-место.

„Ниту син ми беше во угостителски објект, ниту на инцидентот претходеше кавга за паркинг место. Без никаков повод, доаѓајќи дома, син ми беше физички нападнат од група Албанци под дејство на алкохол и дрога, пред влезот на зградата во која живееме. Ме разбуди ќерка ми која случката ја видела од тераса, и како и секој родител, слегов веднаш да си го одбранам детето, по што физички бев нападнат и јас.

За жал, подебелиот крај го извлековме ние двајца“, напиша Пауновски.

Тој истакна дека случајот бил уредно пријавен во полиција, а сторителите приведени уште вчера.

Поврзани вести

Back to top button