Македонија

„Македонски шуми“ вработува 33 лица, мора да се Албанци

„Македонски шуми“ – Скопје објави оглас за засновање на работен однос на неопределено време во кој се вели дека работните места се предвидени за Албанци. Огласот е за следните работни места:

Самостоен референт за користење, заштита и одгледување на шуми, ниво Б1 – завршен ВСС, Шумарски факултет, со три години работно искуство и основна нето плата во износ од 25.530 денари – 5 извршители.

Референт за користење на шуми и дотур, ниво Б1 – завршен ВСС, Шумарски факултет, со три години работно искуство и основна нето плата во износ од 24.480 денари – 10 извршители.

Шеф за заштита на шуми и екологија, ниво Б1 – завршен ВСС, Шумарски факултет, со три години работно искуство и основна нето плата во износ од 25.530 денари – 1 извршител.

Референт за превоз, ниво Б2 стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование, со две години работно искуство шумарски техничар и основна нето плата во износ од 19.100 денари – 3 извршители.

Чувар на шуми лиценца, ниво Б2 стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование, со две години работно искуство – шумарски техничар насока шумарство и основна нето плата во износ од 17.660 денари – 5 извршители.

Шумски работник (редач, утоварач), ниво Б4 стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование, со или без работно искуство и основна нето плата во износ од 14.880 денари – 7 извршители.

Ракувач со градежна машина, ниво Б2 – стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование, со две години работно искуство и основна нето плата во износ од 19.100 денари – 1 извршител.

Одржувач на пат, ниво Б4 стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование, со или без работно искуство и основна нето плата во износ од 14.400 денари -1 извршител.

„Предвидените вработувања согласно годишниот план на институцијата се за Албанци“, пишува на крајот од огласот.

Поврзани вести

Back to top button