Живеете на Балканот, а сакате да работите во Германија – Еве како е можно е тоа
Живеете на Балканот, а сакате да работите во Германија? Заборавете на азил и на работа на црно и легално побарајте работна дозвола. Кон крајот на 2015 година стапи во сила Регулативата за Западен Балкан.
Поедноставената процедура требаше на граѓаните од земјите на Западен Балкан да им го олесни заминувањето во Германија. Но, олеснувањата очигледно не се исти за сите. Додека за физичарите, математичарите, инженерите, лекарите и информатичарите долната граница за добивање „син картон“ е спуштена на 40.000 евра, за останатите академски граѓани и понатаму е 50.000 евра годишна плата.
За занаетчиите не постојат парични ограничувања, но медицинскиот персонал, возачите и фризерите многу полесно добиваат работа во Германија отколку, на пример, трговците.
Во 2017 година бројот на издадени работни дозволи се зголемил за 60 отсто. Но, истовремено се зголеми и бројот на одбиени.