Македонија

Обвинет во Монструм: „Може сум бил дома, може сум се клањал

Во Кривичниот суд во Скопје започна главната расправа за случајот „Монструм“ кој го презеде Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Судењето ќе се води по стариот Закон за кривична постапка од 1997 година бидејќи тој беше на сила кога се водеше првата кривична постапка. Затоа како основа, нагласи Фатиме Фетаи, мора да се земе предвид првичниот обвинителен акт.

Третообвинетиот Агим Исмаиловиќ во предметот, за кого во обвинението пишува дека покрај избеганите и шест години недостапни Алил Демири и брат му Африм Исмаиловиќ, ги убил четирите деца кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, го почна сведочењето со контрадикторни изјави.

Денеска тој не знаеше каде бил за време на убиството вечерта меѓу 18 и 20 часот и рече: „Може сум бил дома, може сум се клањал. Не се сеќавам, одамна беше“, по што обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи му предочи исказ што го дал пред јавниот обвинител од организиран криминал каде што тврдел дека тогаш работел со брат му Африм Исмаиловиќ на канализацијата околу нивната куќа.

На денешното судењето тој кажа, дека дента пред убиството работел во интернет кафето во негова сопственост, залепено за семејниот дом во Сингелиќ. Тој рече дека за убиството слушнал од медиумите и дека со брат му се згрозиле од тоа што го чуле.

Додека се читаше обвинението, како било договарано и како се извршило убиството, каде биле застрелани жртвите, во судница родителите не можеа да ги задржат солзите, се слушаше нивниот плач и крик од последната редица столици во судницата.

Обвинителката Фатиме Фетаи најави нови докази кои ќе бидат изведени во текот на постапката.

На денешното рочиште присуствуваа сите обвинети освен првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се во бегство.

 

Поврзани вести

Back to top button