Живот

Еден од најпознатите пејачи на Балканот, пеењето го замени со нива

Некогашниот пејач на „Бело дугме“ Ален Исламовиќ кон крајот на 2016-та година, ги засадил првите лешници во Бихаќ, а сега на 2,3 хектари има 1500 садници, пренесува Radio Slobodna Evropa.

На прашањето зошто баш лешник, Исламовиќ одговара: Лешникот е многу инетресно дрво и научно е докажано дека раѓа од 80 до 100 години, значи со оваа плантажа ќе може да се занимава мојот внук и паравнуци.

„Јас доста се начитав и прочитав за лешниците, посетив и некои плантажи во Македонија, Србија“, истакнува тој и додава дека во Бихаќ има идеални услови за овој лешник.

Исламовиќ вели дека планира да го прошири својот бизнис и дека ќе направи свој бренд во иднина-еко-лешник кој би се пакувал и извезувал на пазарот на Европската унија.

„Имам контакти со Шведска, Данска и Норвешка која е желна за лешници, немаат ни за јадење, а не за производство“, вели тој.

Значајни приноси очекува за 5 години, вели дека секој лешник е регистриран и лиценциран , па за извозот во ЕУ не се грижи.

Ален Исламовиќ неодамна истакна и дека, да знаел оти земјоделството е толку интересно ќе се посветел на тоа поодоамна.

„Во план ми е е мал овоштарник. Би садел цреши, вишни, јаболки, круши, сливи…тоа ќе биде вистински мал коктел-овоштарник“, открил тој.

Поврзани вести

Back to top button