ФОТО: Подарок за празниците – на колегата му донирал бубрег
На Барел „Чип“ Дејвис почнале да му откажуваат бубрезите, а неговото семејство ги дочекало празниците со само една желба – да се појави донор. Желбата му ја исполниl парнерот на Bарел – Ерик Краудер.
Барел е полициски инспектор од Нешвил, а пред неколку месеци лекарите му рекле дека ќе му биде потребна трансплантација на бубрезите, бидејќи неговите почнуваат да откажуваат.
Ерик Краудер е негов долгогодишен партнер и знаел низ што Барел минува. По извесно време, одлучил да го направи едиственото што можел. Без збор да каже некому отишол во болница да се тестира дали е подобен за донирање.
Од лабораторијата пристигнале добри вести, а Ерик не се двоумел ниту момент. По Божик отишол кај својот колега Барел и му ја соопштил својата одлука.
– Вистински благослов е што токму јас можам да му помогнам – истакнал Ерик.
Тие двајца не се само колеги, туку и семејни пријатели, а нивните ќерки се многу блиски.
– Не би можел да ги гледам неговите деца како растат без татко – додал Ерик.
Барел Дејвис
Ерик Краудер