Македонија

СДСМ : Иванов не е над Уставот и нема да успее да внесе нови поделби

Со најавите дека нема да го потпише Указот за Законот за употреба на јазиците, Ѓорге Иванов се обидува да се стави над Уставот на Република Македонија и делува како остаток на поразениот режим.

Иванов е должен да постапува по членот 75 од Уставот на Република Македонија во кој е јасно наведено дека доколку претседателот не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот.

Иванов е на должност пред граѓаните и законите, а не пред партијата. Со непотпишување на Указот, Иванов го крши Уставот на Република Македонија и работи спротивно на европските вредности и концептот Едно општество за сите, што беше силно поддржан од граѓаните на последните изборни циклуси.

Законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот и амандманот 5 кои се донесени пред 17 години и со неговото усвојување не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите.

Иванов не е над Уставот и нема да успее да внесе нови поделби, Македонија е едно општество за сите, се наведува во реакцијата на СДСМ. .

Поврзани вести

Back to top button