Македонија

„Единствена Македонија“ потсетува дека Иванов, Заев и Мицкоски немаат мандат од народот за промена на името и оттука секоја отстапка за името ќе се смета за национално предавство

„Единствена Македонија“ и македонскиот народ се длабоко вознемирени од погубното залагање на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за концептот на една алтернатива наречен НАТО и ЕУ, кој опфаќа промена на името и идентитетот, па амин за влез во овие евро-атлантски фашизоидни и геноцидни организации, соопштуваат од „Единствена Македонија“.

„Дотолку повеќе, не толку одамна, Русија на отворена сцена јасно порача дека е спремна да понуди алтернативи за балканските земји. Во оваа насока „Единствена Македонија“ бара од Заев, Иванов и од Мицкоски на средбата в сабота да не разговараат за предлозите на Метју Нимиц за обезличување на Македонија и Македонците, туку да договарат радикален пресврт во спорот за името.

Оттука, „Единствена Македонија“ ги повикува Иванов, Заев и Мицкоски да се охрабрат и в сабота да прогласат дека проблемот за името од политичко-дипломатски терен се префла на правен терен и во иднина Македонија фокусот го насочува кон Обединетите нации бидејќи внимателната анализа на меѓународното право и правото на ОН појаснува дека правно-технички на Македонија ѝ стојат на располагање четири меѓународно правно признати механизми за употрена на името – Република Македонија во Обединетите нации.

„Единствена Македонија“ потсетува дека Иванов, Заев и Мицкоски немаат мандат од народот за промена на името и оттука секоја отстапка за името ќе се смета за национално предавство.

Поврзани вести

Back to top button