БизнисСвет

Секој граѓанин на Швајцарија ќе добива по 2300 евра месечно

За шест месеци, граѓаните на Швајцарија треба да излезат на референдум и да гласаат дали го поддржуваат предлогот возрасните граѓани – и вработени и невработени, од државата да добиваат основен фиксен месечен приход од 2.500 франци за возрасни лица (2.300 евра), додека пензионерите и децата би земале помалку. 

Идејата е граѓаните поголемиот дел од своето време да го посветуваат на работи кои навистина ги интересираат, а не цело време да размислуваат како да ги задоволат основните финансиски потреби за храна

Истата идеја ја предложи и владата на Финска, која најави воведување на основен приход за сите граѓани од 800 евра. Финците најавија дека пилот проектот треба да започне во 2017 година. Но, прва земја која го воведе овој проект кој се нарекува „комунистичка-утопија“ беше Холандија.

За да го финансира ова средство, Швајцарија треба да воведе повисоки даноци за најбогатите.

Колку за потсетување, Швајцарците во последниве две години на референдум одбија минимална месечна плата (3.140 евра) како и ограничување на платата на менаџерите.

Поврзани вести

Back to top button