Македонија

Млада девојка од Ниш, тепана, силувана и ограбена во Македонија

Вчера околу 10,00 часот во Полицската станица-Тетово, 24- годишната М.Б од Ниш, Република Србија, пријавила „силување и разбојничка кражба“ извршено над неа на 27.12.2017 година од страна на Ј. Џ.од Тетово.

Имено на 27.12.2017 година околу 23.00 часот, М. Б откако ја преминала државната граница на див премин, Ј. Џ ја земал со кола и се движеле по шумски пат за село Пирок. Во еден момент истиот застанал со возилото, физички ја нападнал, ја силувал, по што ја донел во Тетово каде и рекол да излезе од возилото и не и дал да си ја земе гардеробата и накитот кои ги носела со себе, по нејзино кажување во вредност од неколку илјади евра (брендирана роба)- се вели во соопштение од полицијата

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.

Поврзани вести

Back to top button