Македонија

Виолета Дума и Игор Милев го вратиле бонусот во буџетот истиот ден кога дадоа оставки

Виолета Дума вели дека заедно со Игор Милев први поднеле оставки во ДИК и веднаш ги вратиле парите во буџетот.

Судијката Виолета Дума и Игор Милев, поранешни членови на Државната изборна комисија (ДИК) го вратиле бонусот во државната каса уште истиот ден кога ги поднесоа оставките на почетокот на декември. Ова го тврди судијката Виолета Дума која ги демантира информациите оценувајќи ги за злонамерни и тенденциозни, што претходно ги објавивме, дека никој од членовите на ДИК не ги вратил парите и покрај нивните најави дека ќе преземат такви чекори откако амбасадотот на САД Џес Бејли обелодени дека во изборната комисија зад затворени врати се делеле бонуси по завршувањето на локалните избори.

Виолета Дума вели дека заедно со Игор Милев први поднеле оставки во ДИК и веднаш ги вратиле парите во буџетот.

Плусинфо им се извинува на Виолета Дума, на Игор Милев и на читателите за објавените информации.

Претходно, ни потврди дека го вратила бонусот од две плати Ермира Асани Салија, која во ДИК влезе на предлог на Беса, непосредно пред одржувањето на локалните избори.

Поврзани вести

Back to top button