Македонија
Градоначалникот Богоев си предвидел 550 евра месечно за телефон
– Читам предлог буџет на Општина Карпош за 2018. Предвидени расходи за телефон и телефакс на градоначалникот 400.000 денари. По 33.300 денари месечно. Што да се прави, не е лесно да се биде градоначалник. Цело време си на телефон и непрекинато праќаш факсови… Добро бе, колку часа треба да разговараш за да направиш сметка од 33.000 денари? Ти останува време за спиење?, пишува Здравко Савески на Фејсбук коментирајќи ги предвидените трошоци за телефон за градоначаникот на Карпош, Стефан Богоев.