Македонија

Пратениците не се откажуваат од патните трошоци

Собранието не ги спроведува препораките на Државниот завод за ревизија, кој уште од 2009 година укажува дека пратениците треба да прекинат со зимање патни трошоци за користење првитно возило во службени цели, зашто реалните трошоци на пратениците се далеку пониски од она што тие го зимаат.

Граѓанските организации кои ја следат работата на Државнит завод за ревизија забележуваат дека не се постапува по препораките на ревизорите за финансиските нерегуларности на државните институции и не постои механизам што ќе влијае врз тоа.

„Ревизии кои што се направени во периодот 2009-2011 и 2016 година, а се однесуваат на основниот  буџет за претходната година. Во сите три ревизорски извештаи  ДЗР го нагласува потребата за  ревидирање на поставената практика на пратениците за себе да прибавуваат финансиски надоместок за користење на приватно возило за службени цели  кој не соодветствува со нивните реални трошоци и препораката не се проведува  од страна на собранието“, вели Габриела Димоска – Центар за економски анализи

Годинава до Државниот завод пристигнале 70 барања за вонредни ревизии, 22 биле прифатени. Откако се смени власта вонредна ревизија побарале 21 институција. Прифатено е барањето само на Министерството за култура, каде според  министерот Алаѓозовски над 80% од буџетот за проекти оваа година бил предвреме исплатен, без тие да бидат реализирани.

Најмног ревизии се правени во Министерствата за култура, образование и одбрана, зашто овие министерства најмалку ги почитувале препораките на ревизорите за финансиските нерегуларности. Во министерствата не се почитувале тендерските правила, а се исплаќале и пари без покритие.

Следната година ревизорите ќе прават контрола на пет политички партии и 7 коалиции кои учествуваа на локалните избори. Ќе се проверува и работата на 4 министерства, 12 општини и на судската власт.

ВИДЕО НА 24 ВЕСТИ

Поврзани вести

Back to top button