Македонија

Врховен одлучи: Обвинетите во „Монструм“ пуштени на слобода – Дали е грев да се убиваат македонски деца

По барање на обвинителката Лилјана Спасовска, наместо досегашната казна затвор, Врховниот суд на обвинетите Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Сами Љута и Хаки Азири во случајот „Монструм“ им определи нови мерки за претпазливост. Одлуката беше соопштена предмалку на интернет страната на Судот.

„Врховниот суд на Република Македонија донесе решение по предметот познат како „Монструм“, со кое на обвинетите А.И., Ф.А., Х.А. и С.Љ. им се определени други мерки за претпазливост, и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, како и редовно јавување пред Основниот суд Скопје I Скопје два пати неделно, а обвинетите веднаш се пуштаат на слобода“, пишува во соопштението.

Врховниот суд минатата недела ја укина пресудата за случајот Монструм и го врати случајот на повторно судење. Со ваквата пресуда на Врховниот суд се уважени жалбите на осудените за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро. Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Сами Љута и Хаки Азири беа осудени на доживотни казни затвор.

Убиствата кај Смилковското езеро се случија на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

После ова одлука на обвинителството и судот се поставува прашањето дали според македонската политичка и судска елита е грев да се убиваат македонски деца.

 

Поврзани вести

Back to top button