Свет
Паника во Цирих поради дојава за бомба
Еден трговски центар во местото недалеку од Базел е евакуиран денеска поради бомбашка закана, соопшти полицијата.
Како што наведе полицијата, анонимното лице се заканило дека ќе детонира бомба во подземната гаража во шопинг центарот Прателн.
Лицето кое се заканило со бомба, говорело на лош германски јазик.
Полицијата го пребарала трговскиот центар со кучиња трагачи но до 15 часот не пронашла никаков експлозив.
Во поголем дел на Европа нивото на безбедност е подигнато по терористичките напади во Париз во ноември.