Мистерии
Судбоносна трагедија на Велигден: Го глумел Јуда во претстава, па случајно се обесил
Маж загина откако случајно се обеси додека го глумел Јуда во театарска претстава по повод Велигден.
Несреќата се случила кога маж (23), кој е идентификуван како Хозе Игнацио се подготвувал да ја одигра сцената кога Јуда се беси откако го предал Исус.
Тој застанал на кофа со жица околу вратот, кога загубил рамнотежа и останал на виси на дрвото.
Луѓето ја гледале претставата во западно Мексико и побрзале да му помогнат. За жал починал на пат до болница.
Епископот Карлос Гарфиас Мерлос рече дека не знае што се случило, зошто настанот не се одиграл во град кој бил под негов надзор.
Државното обвинителство покрена истрага за овој случај.