Македонија

МВР: Лирим Јакупи-Нацист е во домашен притвор на Косово

Лажни се информациите дека Лирим Јакупи-Нацист се наоѓа на Шар Планина заедно со 80 вооружени лица, велат од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

„Во соработка со институциите во Косово, добиена е информација дека лицето Лирим Јакупи-Нацист се наоѓа во домашен притвор во Косово“, се вели во соопштението на МВР.

Некои веб портали деновиве јавија дека на Шар Планина е забележана вооружена група и дека ја предводи токму Лирим Јакупи-Нацист.

Поврзани вести

Back to top button