Прилепчанецот Марјан „изгоре“- Ако го добиете овој мејл веднаш избришете го, во прашање е голема интернет измама
Сточарот од село Подвис, кај Прилеп на југот од Македонија, Марјан Џорџиоски пред неколку дена кога преку интернет стапи во контакт со слаткоречивата Елизабет Кенет, остана без 30.000 евра. Дел од парите кои ги „вложил“ за да заработи милион биле негови, а дел ги позајмил од роднините и пријателите.
Ѓорѓиоски вели дека се почнало пред година дена кога од извесната Елизабет Кенет добил мејк кој по смртта на нејзиниот татко станала наследничка на инвестициски фонд од 4,5 милиони долари и да преку афрички Стандард експрот банка бара партнер од Македонија да му отстапи околу милион долари кои потоа би ги пласирал во земјата.
Али за да ги добие тие пари, Марјан на Елизабет Кенет и лажниот адвокат од банката Жан Августин, морал на располагање да им ја остави трансакциската сметка и да вложи зголемување на сумата пари за да добие лиценца и дозвола од неколку африкански институции.
Марјан наседнал на слаткоречивата приказна на непознатата жена и веднаш и уплатил 16.000 долари, а потоа уште 11.000.
Дека се работи за измама, сточарот од селото Подвис се посомневал дури два месеци подоцна, но веќе било прекасно. Речиси година дена измамениот Марјан Ѓорѓиоски бара помош од македонската полиција и Интерпол молејќи ги да ја откријат криминалната група на измамените од Брегот на Слоновата коска, која сигурно измамила уште повеќе лесноверни луѓе.
Истовремено, тој се обидува да најде и решение како на роднините и пријателите да им ги врати позајметните пари кои ги уплатил на „африканските инвеститори“.
ВИДЕО НА: КАНАЛ 5