Живот

20 цитати на Толстој кои ќе ви ја откријат тајната на среќниот живот

Mалкумина знаат дека Лав Николаевиќ Толстој бил еден од првите поддржувачи на идејата дека уметничките дела не треба да бидат во нечија лична сопственост туку дека треба да му припаѓаат на целото човештво.

Неговото одбивање на она што го проповедала црквата и неговата состојба направиле од него посебен христијански анархист кој ја мразел приватната сопственост, остро ја осудувал суетноста и е познат како прв писател кој одбил да ја прими Нобеловата награда за литература.

Ова се неговите најмоќни цитати кои ќе ви покажат од што се состои среќата на животот:

СПОНЗОРИРАН ЛИНК

1. „Сите размислуваат за промена на светот, но никој не мисли да се промени самиот.“

2. „Сè доаѓа во вистинско време за оној кој знае да чека.“

3. „Сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“

4. „Големите работи секогаш се едноставни и скромни.“

5. „Двата најмоќни воини се трпението и времето.“

6. „Секогаш мислиме дека луѓето нè сакаат бидејќи сме добри, но никогаш не помислуваме дека се добри оние кои нè сакаат.“

7. „Љубовта е живот. Сè што разбирам, го разбирам бидејќи љубам.“

8. „Кога сакате некого, ја сакате личноста која навистина е, а не личноста која вие би сакале да биде.“

9. „Изгубивме бидејќи си рековме себеси дека сме изгубиле.“

10. „Најголемите вистини се наједноставни.“

11. „Вистината, исто како и златото, се добива не со зголемување на количината, туку со отстранување на сè она што не е злато.“

12. „Еден од најголемите услови за среќа е врската меѓу човекот и природата која не смее да биде прекината.“

13. „Единствената смисла на животот е да му се служи на човештвото.“

14. „Грешката никогаш не може да биде поправена со грешка, а злото никогаш не може да биде протерано со зло.“

15. „Среќата не зависи од надворешните работи, туку од начинот на кој ние гледаме на нив.“

16. „Ако сакаш да бидеш среќен, едноставно биди.“

17. „Постои само едно време кое е важно – Сегашноста! Тоа е најважното време бидејќи е единственото во кое имаме некаква моќ.“

18. „Погрешното не престанува да биде погрешно бидејќи мнозинството учествува во тоа.“

19. „Секој би можел да живее прекрасно на овој свет, само ако знае како да работи и како да сака.“

20. „Искористи ги моментите на среќа, сакај и биди сакан! Тоа е единствената реалност во светот, сè друго е заблуда. Единствената работа за која сме заинтересирани е токму тука.“

Поврзани вести

Back to top button