Македонија
Со главата под капа, покриено лице и молба „Фатете ме за двете раце“, Јанева излезе од притвор
Поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, доцна попладнево беше спроведена во домашен притвор, поточно во станот на нејзиниот син Лазар, во центарот на Скопје.
На Јанева и се одзема патната исправа, државата не смее да ја напушти ниту со лична карта и има забрана да комуницира со луѓето инволвирани во случајот „Рекет“.
Со покриено лице и со капа на главата, таа ги одбегна новинарите и замина во станот на нејзиниот син во Центар, до Клубот на пратениците.
„Фатете ме за двете раце“, им рече на Јанева на полицајците.
Јанева е осомничена во случајот „Рекет“, а, како што објавивме, денеска Апелација донесе одлука да и биде укинат притворот и заеменет со куќен притвор.