Но, зевањето не секогаш е безопасно и последица на непроспиена ноќ. Зад него може да се кријат и 5 проблеми со здравјето.
Па, ако сте наспани, а сепак не престанувате да зевате, имајте ги на ум следниве ризици:
Проблеми при спиење
Ако спиете по 7 до 9 часа, а сепак се будите со подочници и цел ден зевате, може да имате проблеми во сонот. Односно, може да страдате од синдром на немирни нозе или постојано ‘рчење за кои не сте свесни.
Акнсиозност
Забрзан пулс, краток здив, притискање во радите, слабост, обилно потење се само дел од симптомите за анксиозност. Но, кој би рекол дека тука спаѓа и константното зевање?
Психичката исцрпеност се одразува и физички, односно со замор кој се манифестира како недоволен сон.
Депресија
Исто како и кај анксиозноста, менталната исцрпеност го тера телото да покажува знаци и на физичка исцрпеност.
Проблеми со срцето
Лекарите тврдат дека срцевите проблеми предизвикуваат недоволно снабдување на телото со кислород. Па, ако покрај зевањето забележите и симптоми како вртоглавица, замор или болка во градите, задолжително треба да си го проверите здравјето на срцето.
Проблеми со црниот дроб
Зевањето се јавува и кај оние кои патат од оштетување на црниот дроб, бидејќи последица од негово несоодветно функционирање е токму заморот. Ако зевањето е проследено со жолтица, претерана поспаност, губење на апетитот, збунетост и повремени мачнини – проверете ја ситуацијата.