ЖивотТоп

Овој мал генијалец веќе овој декември би требало да дипломира електротехника на технички универзитет

Овој мал генијалец веќе овој декември би требало да дипломира електротехника на технички универзитет во Ајндховен, а неговите професори со целосно право го опишуваат како „извонреден“, додека други го нарекуваат „чудо од дете“.

Додека повеќето деца се мачат со нешто потешките математички задачи во училиште, деветгодишно момче од Белгија по име Лаурент Симонс, е загрижен за тоа да одбере само еден помеѓу неколкуте факултети на кои би можел да запише докторат.

Овој мал генијалец веќе овој декември би требало да дипломира електротехника на технички универзитет во Ајндховен, а неговите професори со целосно право го опишуваат како „извонреден“, додека други го нарекуваат „чудо од дете“.

Кога неговите баба и дедо сугерирале дека Лаурент е исклучително талентирано дете, неговите родители Лидија и Александер мислеле дека тие претеруваат. Меѓутоа, наскоро тоа им го потврдилe и наставниците.

– Ни рекоа дека ги впива работатите како сунѓер – се сеќава неговата мајка Лидија.

Во разговор за „Си-Ен-ЕН“, родителите откриле дека и натаму не знаат зошто момчето има способност да учи толку брзо, а гордата мајка се пошегувала дека за време на бременоста јадела многу риба, па веројатно тоа влијаело.

Иако престижните универзитети веќе одамна се натпреваруваат за него, неговите родители истакнале дека не сакаат да го присилуваат за тоа што да одбере, туку напротив, се обидуваат да најдат рамнотежа меѓу учењето, талентот и нормалното детство.

– Не сакаме да стане премногу сериозен. Тој прави се што ќе посака – заклучил таткото Александер.

Сепак, се чини дека детето веќе знае што ќе прави, а тоа е прилично амбициозно. Негов сон е да развива вештачки органи.

Поврзани вести

Back to top button