Топ

16-годинишниот тетовец Орхан Багашов дизајнира бионичка рака наменета за лицата со ампутирана подлактица

16-годишниот Тетовец Орхан Багашов дизајнира бионичка рака за лица со ампутирана подлактица.

Прототипот е речиси при крај и остануваат да се направат уште два прста и да се вградат сензорите за движење. На бионичката рака ѝ претходеше изработка на роботска рака, а на неа, изработка на 3-Д принтер.

„Денешнава напредна технологија, посебно сѐ поголемата употреба на 3-Д принтерите, овозможија изработка на вакви комплицирани предмети и делови. Но, јас не бев задоволен со 3-Д принтери што можеа да се набават на пазарот, па решив да направам еден по моја замисла. Три години работев на неговата изработка и направив принтер кој работи на поинаков принцип од постоечките и многу побрзо. Постоечките 3-Д принтери работаат со xyz оски и кај нив, подвижниот дел се движи горе-долу, лево десно и тие две оски се комбинираат. Мојот принтер се движи со ротирачки оски и тоа му овозможува да печати многу побрзо. Ако на друг принтер му требаат 20 часови да отпечати еден дел, со мојот принтер работата се завршува за 15 часови“, вели младиот Багашов.

Откако го направи својот 3-Д принтер, се зафатил да изработи роботска рака, која треба да биде дел од финалната замисла, а тоа е изработка на голем робот.

„Засега ја имам направено само десната рака од роботот. Мојата првична идеја беше да си направам робот, но најверојатно ќе направам само уште една роботска рака, главата и торзото од роботот, бидејќи за цел робот едноставно немам време. Сите делови за оваа роботска рака се по мои дизајн и нацрт и ги отпечатив на мојот 3-Д принтер, а само електромоторите морав да ги купам. Раката е целосно функционална и се движи во лакотот, шаката и прстите. Роботската рака беше основа да се зафатам за еден, уште посериозен предизвик, а тоа е да направам бионичка рака, која треба да им помогне на лицата со ампутирана подлактица“, појаснува Орхан.

Повеќе прочитајте на СДК.мк

Поврзани вести

Back to top button