ЖивотИзбор на уредникот

Вселенски туризам, првата Пакистанка полета во вселената (ВИДЕО)

Намира Салим е првата личност „од Пакистан што полета во вселената“, објави Вирџин Галактик, истакнувајќи дека таа е државјанин и на Обединетите Арапски Емирати и Монако. Салим сака адреналин и веќе патувала на двата пола и скокнала со падобран над Еверест, а е меѓу првите клиенти кои купиле билет за лет во вселената од компанијата во сопственост на британскиот милијардер Ричард Бренсон.

– Ми се допаѓа титулата ‘прв пакистански астронаут’“, рече Салим и се довери дека уште од мала сонувала да лета во вселената. Таа не ни читала за тоа, но тоа било запишано во нејзината ДНК, вели таа.

Со неа вчера на вселенскиот лет беа Американецот Рон Росано и Британецот Тревор Бити.

Во реализацијата на комерцијалните летови, Вирџин Галактик се натпреварува со Блу ориџин во сопственост на милијардерот Џеф Безос, кој предлага и суборбитални летови и веќе испрати 31 лице во вселената.

Но, по несреќата на беспилотниот лет во септември 2022 година, беше отворена истрага која беше завршена на крајот на септември со барање од американскиот воздухопловен регулатор да се направат промени за да можат летовите да продолжат. Блу Ориџин соопшти дека „предвидува наскоро обновување на летовите“.

Поврзани вести

Back to top button