Свет

Побегнала од Босна, а сега е најмлада министерка за правда во историјата на Австрија

Австрискиот конзервативец Себастијан Курц и Зелените вчера постинале коалициски договор кој значи враќање на Курц на местото премиер, но и прво влегување на Зелените во австриската влада, потврдиле лидерите на партијата.

Договорот во кратка изјава за новинарите го потврдиле и претседателот на Народната партија и поранешниот премиер Курц и шефот на Зелените, Вернер Коглер. Тие не влегувале во деталите на договорот, а Курц рекол дека тие ќе бидат претставни во четврток.

Судејќи по се, Алма Задиќ (35), Босанка со потекло од Тузла, ќе биде именувана за министерка за правда во новата влада на Австрија, како предлог токму на Зелените. Ќе влезе во историјата како најмлада министерка за правда која ја преземала таа позиција во австриската влада.

Таа со родителите од Тузла побегнала во Виена во 1994-та година и завршила правен факултет во Австрија, а потоа студирала во Њујорк на Универзитетот Колумбија.

Задиќ инаку е првата Босанка која изборила место во највисокото законодавно тело на Австрија на изборите во 2017-та година. Сега направила чекор повеќе со изборот во извршната власт, а доверен и е еден од најважните ресори – правда.

Кога пред две години била избрана во Парламентот на Австрија порачала дека нејзиното влегување во парламентот е важен не само за неа, туку и за сите луѓе кои дошле во Австрија, кои не се родени во таа земја, но и за луѓето од подрачјата на поранешна Југославија.

Поврзани вести

Back to top button