,,National Geographic Society“ посвети емисија за Македонецот Виктор Груев

Објавено: среда, 24 февруари 2016 во 17:19
Spread the love

Една од најголемите непрофитни научни и образовни институции во светот,National Geographic Society,која е и еден од сопствениците на телевизискиот National Geographic Channel-го документира изумот на охриѓанецот Виктор Груев. На каналот кој е достапен во повеќе од 143 земји, во над 160 милиони домови,имаа можност да ја проследат едночасовната емисија. Се работи за специјални очила кои ќе го спасат човештвото од најсмртносната болест,малигните заболувања кои годишно во светот косат над 4 милиони животи.

Очилата,со кои хирурзите за време на операција можат да ги видат клетките на туморот ,засега се употребуваат за отстранување на рак на дојка и на кожа-појаснува Груев,кој ова лето беше во Македонија, со цел,да се изнајде начин да се одобрат специјалните протоколи на СЗО, за да може-како што рече, да ја донесеме технологијата тука.

“До сега имаме тестирано некаде до пола милиметар може да види тој тумор.Работиме на додатна технологија каде што со оптички кабел ќе може да се дојде поблиску до самото ткиво до уште на неколку микрони да може да се види дали се отстранети тие туморни клетки или не“ изјави проф.др. Виктор Груев-Универзитетот „Вашингтон“-Мисури.

Дека овој изум претставува вистинска мала револуција во светската медицина, говори и фактот што во повеќе од половина од случаите со помош на очилата, хирурзите додатно забележале канцерогени клетки,невидливи со голо око.

Росица Голабоска за АЛФА