Мистериозен објект е снимен како лебди над Министерството за одбрана на САД
Огромната „пирамида“ која била забележана на небото над Пентагон, предизвикала шок меѓу теоритичарите за заговор.
На бизарната снимка, тоа што изгледа како огромен црн триаголник, може да се види како лебди над Министерство за одбрана во САД.
Иако снимката е темна, промените во изложеноста на видеото покажуваат мистериозна форма која мрачно се појавува над Пентагон.
Шокантните снимки ги снимил Алек Дуд, во средата (19-ти декември), а подоцна теоретичарите на заговор, Блејк и Брет Каузинз ги споделиле на Јутјуб каналот „3rdphaseofmoon“.
„Дали е ова еден вид инванзија? Нешто се случува“, се прашуваат оние кои ги погледнале снимките. Не е изненадувачки тоа што бизарните снимки имаат повеќе од 110.000 прегледи.
Гледачите се убедени дека мистериозниот триаголник е НЛО.
„Едната страна на пирамидата е потемна од позадината – не може да ја проектирате сенката, а тоа сугерира дека ова е вистински објект“, вели еден од гледачите.
Друг збунет гледач коментира: „Изгледа како империјален уништувач од Војна на ѕвездите“.
Меѓутоа, други се загрижени дека предметот ќе биде „прикриен“ од мејстрим медиумите.
По тој повод, еден коментар гласи: „Ова е голема вест, но ќе ја сокријат“.
Во октомври, истражувачи објавиле докази кои укажуваат на тоа дека американската војска ја следела „повеќе милионски НЛО програма“, која е спроведена во Областа 51.