Мистерии

Илиевски: Државните функционери покрај тоа што незаконски напредувале во наставно научните звања, незаконски земале и плати од тетовскиот Универзитет

Во редовниот инспекциски надзор кој е извршен на тетовскиот Универзитет, согласно годишната програма на Државниот просветен инспекторат ги проверивме досиејата на правниот факултет, Ѓорѓиевски вели дека меѓу другото, констатирале дека три јавни функционери незаконски биле унапредувани во настано научните звања, за Тв21, вели Ѓорѓи Илиевски, вишиот просветен испоктер кој ја информираше јавноста за незаконските унапредувања на тетовскиот Универзитет.

– Минитерот за образование, заменикот министер за внатрешни работи, како и директор на Биро за индустриска сопстевност, спротивно на закон унапредувале во нивните наставно научни звања доценти, вонредни професори се спротивни на закон од причина што во тој период додека тие се на јавни функции, нивното работно место им мирува. Како државни функционери, едниот како министер и тоа во 2016 година, едниот како минситер без ресор, другиот како заменик министер и третиот како директор. Во конкретниов случај, овде имаме ситуација каде што имаме унапредување во наставно научни звања кога има мирување, а во законот во членот 121 од Законот за работни односи како и членот 153 став 3 од Законот за високо образование се знае кои се процедурите, рече Илиевски.

Тој вели дека покрај тоа што гореспоменатите лица покрај тоа што земале плата од тоа што извршувале јавна функција, со договорот за интелектуални работи кои го имаа слкучено со тетотовскиот Универзитет, тие противзаконски земале и паричен надоместок.

– Ние ги проверувавме наставно научните звања од доцент,, вонреден Професор и редовен Професор. Таму може да биде агажиран но не смее да има наставно научно звање и ако биде ангажиран да биде ангажиран бесплатно. Во оваа ситуација кај што ги констатиравме овие случаеви имаме договор за интелектуални работи од 2016 година и навака, каде што лицата добивале средства од Универзитетот кое е спротивно на закон. А тие парични средства треба да се вратат. Тоа е злоупотреба и на ова не смееме да премолчиме. Иако сум свесен за моите последици за ова што го говорам јавно, за тоа имам целокупна документација, но мора да му се стави крај, вели Илиевски.

По објавувањето на веста за злоупотребите Илиевски вели дека трпи притисоци и закани за да го сокрие случајот и дека првите закани дошле од државни функционери.

– После објавувањето на веста за забелешките веќе имам проблеми, имам протисоци, имам заканувања, почнувајќи пред се од јавниве функционери, па и од други исто така со заплашувања да го тоа стопирам. Замолен сум и од министерот за образование и од заменикот министер за внатрешни работи, да го стопирам, да го скријам тој случај. Но тоа едноставно не може да се скрие бидејќи тоа е веќе правење злоупотреба од моја страна и кривично дело, истакна Илиевски.

Илиевски тврди дека целокупната документација ја доставил до државната комисија за антикорупција, до Владата и лично до кабинетот на премиерот Зоран Заев, но тврди дека и за сето ова се запознати сите домашни странски амбасади.

Поврзани вести

Back to top button