Златен мед- Напиток кој ќе ве заштити од рак
Мешавината од медот и куркумата има одлични својства за здравјето на целокупниот организам. Двете намирници имаат моќно противвоспалително дејство кое ја зајакнува работата на имунолошкиот систем.
За куркумата е познато дека има атиканцерогени дејства. Куркуминот е главна активна состојка на куркумата, а научниците заклучија дека го намалува нивото на слободни радикали во телото, ризикот од хронични воспаленија и автоимуни болести.
За овој еликсир на здравјето потребно е да измешате една голема лажица куркума во прав и 100 грама мед. Смесата се чува во тегла и може да се користи и неколку дена. Земајте по една лажичка од овој лек секој ден на празен желудник, околу 30 минути пред појадок.
Овој напиток ќе го засили вашиот организам, ќе го подобри целокупното здравје и ќе помогне во превенцијата од рак.
Експертите го препорачуваат овој лек кај личностите кои страдаат од хипертензија, бидејќи куркумата е одлична за регулација на нивото на крвниот притисок.