Бизнис
Фајзер“ близу преземање на „Медивејшн“ за 14 милијарди долари
Американската мултинационална фармацевтска компанија Фајзер е близу договор за купување на биотехнолошката фирма Медивејшн, специјализирана за лекување рак. Договорот би бил вреден речиси 14 милијарди долари, објавуваат американски медиуми.
Дел од нив објавуваат дека договорот може да биде склучен уште денеска, а трансакцијата би била во целост готовинска.
Со купување на Медивејшн, Фајзер ќе го нуди лекот Кстанди, терапија против рак на простата за која аналитичари проценуваат приходи од продажба од околу 1,33 милијарди долари годишно до 2020 година.
Тоа ќе биде втора најголема аквизиција на Фајзер откако лани за 17 милијарди долари ја купи компанијата за медицински уреди Хоспира.