Македонија

„Билд“: Поранешен германски министер ги поттикнал бегалците во Идомени да тргнат кон Македонија

Бегалците кои вчера од Идомени се обидоа илегално да влезат во Македонија, на таквата постапка биле поттикнати од еден леток кој им бил подеделен и на кој стоел потпис на „командант Норберт Блум, објави германскиот весник „Билд“.

Норберт Блум, кој е член на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, беше министер за труд во Владата на Хелмут Кол. Според „Билд“, 81-годишниот Блум од саботата се наоѓа во Идомени, каде спиел во близина на бегалските шатори, со цел „да искаже солидарност со 12-те илјади мигранти кои живеаат во кал и крајно лоши услови“.

Весникот наведува дека на летокот на арапски јазик што им бил делен на бегалците, имало препорака како да преминат од Грција во Македонија.

Според „Билд“, засега е енигма кој навистина стои зад летокот, но еден од бегалците на Идомени во изјава за „Дејли Мејл“ рекол дека на него стои поптис на „германски полиитчар“.

Бегалецот во изјавата посочува дека во летокот се велело дека ако бегалците успеат да влезат во Македонија, ќе можат да стигант и до Германија.

Поврзани вести

Back to top button