Студија: Јадењето на популарното овошје еднаш дневно може значително да го подобри вашиот вид
Јадењето грозје е добро за вашите очи, покажуваат истражувањата. Докажано е дека само неколку гроздови дневно за четири месеци ги подобруваат клучните маркери за здравјето на очите. Тајната лежи во тоа што значителното влошување на видот е последица на оксидативниот стрес каде клетките се оштетуваат бидејќи телото нема доволно антиоксиданти – а грозјето ги содржи во изобилство.
Тим од Националниот универзитет во Сингапур проучувал 34 возрасни лица кои јаделе по една и пол шолја грозје дневно во период од 16 недели. Кај нив било воочено значително подобрување на показателите на доброто здравје на очите, оптичката густина на макуларниот пигмент, антиоксиданти во плазма и содржината на феноли во споредба со испитаниците кои земале плацебо терапија. Оние кои не јаделе грозје забележале значително зголемување на гликацијата, кој е типичен, но штетен дел од процесот на стареење.
„Нашата студија е прва која покажува дека консумирањето на грозје има корисни ефекти врз здравјето на очите кај луѓето, што е многу возбудливо, особено кај растечката популација“, вели коавторот на студијата, д-р Јунг Еун Ким.
Грозјето е лесно достапно овошје за кое студиите покажале дека може да има корисен ефект во нормални количини од само 1 и пол шолја дневно.
„Редовното консумирање грозје може да го подобри здравјето на очите кај постарите лица“, велат од универзитетот.