ЖивотЗдравјеТоп

Докторка јадела боровинки секој ден: Открила какви промени забележала

Општата докторка Патриша Варакало, која се здобила со сертификат за советување за исхрана и превенција од дијабетес, одлучила да јаде боровинки секој ден во период од една недела, а на крајот од тој период за „The Healthy“ ги открила придобивките од ова овошје.

Боровинките не се само вкусни, туку и исклучително здрави. Богати со антиоксиданси, витамини и влакна, боровинките се моќен сојузник за вашето срце, тело и кожа.

Шолја дневно од ова овошје може да го намали ризикот од срцеви заболувања, дијабетес и да ја регулира тежината. Експертите препорачуваат свежи, сирови и органски боровинки за максимална корист.

Експериментирајќи со нив една недела, д-р Варакало почувствувала позитивни промени во енергијата, кожата и варењето. Во тој период јадела органски боровинки, ставајќи ги во разни јадења. Исто така, јадела препорачана доза од полна шолја боровинки дневно.

„До крајот на неделата почувствував суптилно, но неспорно подобрување во моето здравје. Не се сеќавам кога имав постабилно ниво на енергија. Уште попријатно изненадување беше свежата и сјајна кожа. Моето варење? Добро како и обично“, навела докторката за „The Healthy“.

Сепак, таа истакнача дека не само боровинките одиграле важна улога во подобрувањето на општото здравје, туку и зголеменото внимание на здравите навики воопшто. Без разлика, боровинките го заслужуваат своето место во секојдневната рутина на сите нас, заклучува Варакало.

Поврзани вести

Back to top button