Живот

Скопје тагува: Кој беше диџеј Бабура?

Човекот со вистинско име Љупчо Петровски во Скопје познат како диџеј Бабура. По кратко боледување утрово почина диџејот без кој ноќниот живот во Скопје повеќе нема да биде ист.

Љубителите на ноќните забави ќе го запаметат како човекот кој ги правеше најдобрите ноќни журки во Скопје. Знаеше вистински да ја селектира музиката и соодветно да влијае на расположението и атмосферата. Во свежо сеќавање ќе останат петочните забави во Интермецо и саботните во ноќниот клуб Xo. Помеѓу колегите важеше за професионалец кој совршено добро ја познаваше работата.

Професионално, почетоците му датираат од неговиот ангажман во „Мега ФМ“ радио во  90-тите години од минатиот век. Подоцна Бабура се префрла во редовите на „Антена 5 Радио“, каде што останува сè до почетокот на оваа декада. Од таму заминува и го основа новото урбано – градско радио.

Кариерата ја завршува како дел од менаџментот на скопското “Сити радио”.

Утрово слушателите на оваа фрекфенција ги разбуди музика која беше најава за тажната вест за неговата смрт.

Во професионалниот пасус му се запишани безброј сетови во Македонија и голем број гостувања ширум Европа и професионални настапи на иста сцена со познатиот диџеј Тиесто.

Во приватниот дел од биографијата му стои информацијата дека е сопруг и татко на две мали дечиња. Јавноста минатата година беше информирана дека легендарниот диџеј Бабура има принова и станал татко на две момчиња.

Пријателите го знаат како човекот со ведрa душа и позитивно раслоложение. Секогаш максимално искрен и чесен. Силен поддржувач на урбаните промени во градот и промотор на ново и современо Скопје.

Тие што го познаваат за жал денес со нескриено разочарување конститираат дека изгубиле голем пријател чија енергија сериозно ќе недостасува во нивниот живот и во урбаниот живот на метрополата.

Почивај во мир Бабура!

Извор: Скопје инфо

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button